Фитнес Фабрика Јуниор
За нашата сала
Фитнес Фабрика Џуниор е концептуално дизајниран простор исклучиво наменет за развоен и корективни детски фитнес. Развојните фази се тие кои го наметнуваат темпото и комплексноста на работењето со децата па така и се направени групите.
Кај најмалите, 4 и 5 години, акцентот е ставен на колективна игра и социјална припадност со своите врсници исто како и моторчки развој на сите основни физички особености.
Средната група на дечиња, 6 до 10 години, низ тренинг и кратки задачи работат на развој на брзина, сила, експлозивност, координација и осет за простор кои што пак елементи се основата за понатамошниот нивен спортски ангажман во било кое поле.
Најголемите пак, поголеми од 10 години, креираат основи на движења кои доколку не се ангажирани надвор од нашата сала во некој спорт имаат супер тренинг систем кој ќе им ги задоволи потребите од раст и развој.
локација
Достапни Термини
Возраст 4-5 години
Понеделник, Четврток - 17:15
Вторник, Петок - 17:15
Среда - 17:15, Сабота - 9:00
Среда - 18:15, Сабота - 11:00
Возраст 6-10 години
Понеделник, Четврток - 18:15
Вторник, Петок - 18:15
Возраст 11+ години
Понеделник, Среда, Петок - 19:15
Вторник, Четврток - 19:15, Сабота - 10:00
Важно: Тренинзите траат 45 минути. Тренинзите започнуваат строго во предвидениот термин и не зависат од бројот на присутни вежбачи.
Роденден во Фитнес Фабрика Џуниор, каде преку забава се запознаваме со фитнесот!
Покрај редовните тренизнси, во Фитнес Фабрика Џуниор можете и да прославите поинаков роденден на вашето дете!
Кај нас ве очекува незаборавна, забавна прослава во спортски дух, исполнета со игри и натпревари кои ќе ги воодушеват сите гости.
-
Славиме само 5ти, 6ти и 7ми роденден!
-
Прославата трае вкупно 2 часа!
-
Првиот час е посветен на забавни спортски активности, имаме различни програми од полигони, тренинг, натпревари, но се договараме и прилагодуваме според возраста и желбата на славеникот, а и според заинтересираноста на групата.
-
Во вториот час следуваат слободни активности низ салата за кои децата со нетрпение чекаат, бесење по картички, јажиња, рип столови, играње лава поточно се што дома е забрането, забава со музика, грицкање и сечење на тортата.
-
Ние се грижиме за целата организација, а ваше е само да дојдете со славеникот и тортата! Тимот на Фитнес Фабрика Џуниор ќе обезбеди сè: грицки, сокови, вода, целиот потребен прибор (тањирчиња, вилушки, чаши, салфетки), свеќичка за тортата, фотографии и видеа, 1 или 2 тренери (во зависност од бројката на деца) и електронска покана.
MНОГУ ВАЖНО: Родителите тие два часа се слободни, ние превземеме комплетна грижа за децата.
Можност за славење имаме само викенди во термини по договор.
Цените започнуваат од 11.000 денари.
Ве очекуваме и сме многу среќни за оваа новост!
Придружете ни се и дозволете му на вашето дете да изгради здрави навики кои ќе ги носи цел живот!
Контактирајте нѐ за да го резервирате вашиот термин на 078 344 897 или
fitnes.fabrika22@gmail.com

